10 вкусни јадење од експрес лонец

Освен што може да го забрза и олесни готвењето, експрес лонецот може да биде одличен и за подготовка на здрави и хранливи намирници.
Во продолжение прочитајте совети за јадења кои можете да ги подготвите во експрес лонец.

1. Вариво од говедско месо

Ова јадење може да биде збогатено со било кој зеленчук кој ќе ви падне на памет, а за згуснување може да користите ару-прав, скроб кој се добива од корените не тропски билки.

2. Вариво од грав и зеленчук

Во ова вкусно вариво од црн грав можете да додадете и зеленчук. Ова вариво содржи многу белковини и влакна.

3. Овесна каша

Некои овесни снегулки можете да ги зготвите и во експрес лонец како би заштедиле време. додајте јаболко и цимет, бадеми и бруснива или банана и путер од кикирики.

4. Пилешка супа

Една од најздравите јадења кои доаѓаат од лонец сигурно е домашната пилешка супа. Покрај фидето, додадете морков, целер и магдонос и ќе добиете совршен здрав оброк.

5. Карфиол во кари сос

За овој лесен и вкусен оброк потребни ви се кромид, лук, зачини, карфиол, ориз и леќа. Се заедно сварете го во лонецот, а потоа додајте го кари сосот.

6. Ориз од експрес лонец

Во лонецот ставете замрзнат зеленчук и ориз. Лесен и едноставен оброк кој е брзо готов, а најдобар дел е тоа што не ви треба многу масло за подготовка.

7. Грав со пилешко и чили сос

Чилито е една од најдобрите намирници за ладните денови. Доколку сакате едноставно јадење, посегнете по пилешкото и белиот грав во комбинација со чили. Ова јадење има помалу заситени масти.

8. Супа од леќа

Во вегетаријанската супа од леѓа, можете да додадете разноразен зеленчук – морков, праз, домати… Ставете се во лонец со вода па додајте пасирани домати и крем од кокос. Зачинете по желба. Доколку сакате да биде погуста, дел изблендирајте па вратете во лонецот.

9. Супа од домати со тортили

Сварете пилешко па додајте концентрат од домати и зеленчук. Готовите тортили можете да ги исечете по должина па да ги потпечете во рерна.

10. Полнети пиперки

Рецептот за полнети пиперки го знаат скоро сите домакинки, а за да ги направите во поздрава варијанта, наместо бел користете кафеав ориз.

Слични содржини