17 милиони долари отштета за жртвите на Харви Вајнштајн

од Stefanija Kuzmanovska

На лицата кои доживеале сексуално насилство од страна на продуцентот Харви Вајнштајн, ќе им бидат исплатени вкупно 17 милиони долари отштета.

Да потсетиме, Вајнштајн беше осуден на 23 години затвор во 2020 година за силување и сексуален напад на три жени, а првите обвиненија против него се појавија во 2017 година.

По продажбата на имотот на компанијата Weinstein Co (основана од Харви и неговиот брат Боб), на жртвите кои се согласиле со тоа, а ги има повеќе од 50, ќе им биде исплатен надоместок. Оваа компанија банкротираше во 2018 година.

Секој од нив, исто така, може да се повлече од оваа спогодба во кое било време, ако сака да побара понатамошна правда на суд.

Вредноста на компанијата Weinstein Co се проценува на 35 милиони долари, а во рамките на тоа има сума од 9,5 милиони долари со цел да им се исплати отштета на вработените. Патем, сите вработени, како и братот на Вајнштајн, Боб, беа ослободени од одговорност за неговите постапки.

Слични содржини