25% од автопатот Кичево-Охрид беа неупотребливи со стариот проект, вели Бочварски

од Nikola Popovski

„Во однос на автопатот Кичево-Охрид имавме репроектирање поради тоа што 25 проценти од трасата беа неупотребливи со стариот проект“, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски за емисијата „Жешко политичко лето“.

Според него, се изработуваат нови проекти.

„Инфраструктурните зафати се одобруваат во Министерството за транспорт и врски и се направи анекс договор. Преку ЈП Државни патишта преговараме за продолжување на рокот за Сино хидро, но не прејудицираме. Секако, доколку се прифатат нашите барања за стриктни и прецизни рокови за конечна изградба на автопатот. Таков договор ќе прифатиме и ќе го пуштиме во Собранието на гласање, но не по секоја цена, поради тоа што ние гарантираме до кога че ги завршиме нашите обврски за овој автопат“, рече Бочварски.

Слични содржини