Секоја година од средината на ноември до првите денови на новата година во многу европски градови и метрополи се организираат традиционални новогодишни базари. Илјадници светла, украси, арома на цимет и празнична музика ги пречекуваат посетителите. Кои се некои од најимпресивните баазари во Европа, видете во следните редови.
Берлин
Берлин не е само главниот град на Германија, но и главниот град можеби со најмногу божиќни базари, околу 50. Најголемиот и популарен божиќен базар останува Kaiser Wilhelm Gedächtniskirche низ кој минуваат околу 2 милиони посетители секоја година.
Тука имаат можност да купат убав накит, украси, сувенири, како и да се оддадат на сезонски задоволства, како печени костени, колбаси и греено вино. Ако отидете на пат кон Келн, Нирнберг, Франкфурт, таму исто така ќе имате можност да посетите прекрасни празнични чаршии.
Брисел
Божиќните и новогодишните празници во Брисел се едни од најубавите. Базарот, кој се организира во тоа време на годината се протега по улиците од Grand’Place до Place Sainte Catherine и покрива речиси два километри.
Секоја една од 240-те тезги личи на мала колиба со дрвени покриви. Тука може да се пронајдат главно предмети на уметноста и занаетите, вкусна храна и пијалаци. Други големи божиќни чаршии се организираат и во Антверпен и Бруж.
Виена
Зимата во Виена е вистинска бајка. Снегот е покривот на градот, точно кога почнуваат и божиќните базари. Еден од најголемите е оној кој се организира кај зградата на Градското собрание, каде додека пиете греено вино и јадете костени и зачинети божиќни колачи, може да купите и сувенир за спомен.
Дрвјата во паркот секогаш се украсени од локални уметници, а ако сакате лизгање, може да го направите и тоа на лизгалиштето. Друг Божиќен базар, кој не треба да го пропуштите во Виена е овој во паркот на дворецот Шонбрун.
Будимпешта
Традиционална храна, народни танци и музика во живо можат да бидат откриени на божиќниот базар, кој се организира во унгарската престолнина.
Секоја година околу 150 тезги нудат изобилство од предмети од локалната уметност и култура, вклучувајќи и куклени театри, автентични рачно изработени новогодишни сувенири и се разбира греено вино.
Копенхаген
Како и многу европски градови, Копенхаген е облечен во убавина и празнично расположение во тоа време на годината. Но за разлика од повеќето од нив, тука атмосферата е поинаква. Од средината на ноември паркот Tivoli се претвора во вистинска зимска бајка со тезги со подароци, вкусна храна.
За љубителите на зимските “ролери“ има лизгалиште од мраз, исто така божиќниот пазар во Копенхаген е посетен од околу 1 милион луѓе секоја година, дојдени да се запознаат со данските и скандинавски обичаи.
Даблин
Иако базарот во Даблин е еден од најновите европски божиќни базари, оттука минуваат над 140 илјади посетители секоја година. Убав накит, витраж, дрвени играчки и уметнички дела може да бидат видени и купени. Има и празничен рингишпил, жива музика, вкусна храна и традиционални барови, во кои може да се загреете.
Прага
Божиќните базари во Прага се одржуваат секоја година на стариот градски плоштад и плоштад Wencesla. Ако барате необична храна и пијалаци, а не подароци и предмети за декорација, тоа е вашето место.
Задолжително пробајте грог со мед, а традиционалните божиќни чешки песни кои ќе ги слушнете во чаршијата, светлата и прекрасната архитектура ќе ја загреат вашата душа.
Барселона
Во Барселона божиќниот базар става почеток во 1786 година, а денес можат да бидат разгледани над 300 тезги со секакви рачно изработени новогодишни украси и подароци, заедно со божиќни ѕвезди и новогодишни елки.
Ако сте љубители на греено вино со зачини и сакате да однесете со себе локални специјалитети, не заборавајте да поминете низ овој Божиќен базар. Така, ќе видите многу дрвени сувенири со насликани католички и библиски сцени.