5 НАЈДОБРИ СОВЕТИ ЗА МАМУРЛАК: Ако сте испиле премногу минатата ноќ, ова навистина може да ви помогне

од Vladimir Zorba

Ако утрово се разбудивте со силна главоболка, голема е веројатноста дека сте испиле премногу минатата ноќ. Диететичари-нутриционисти откриваат 5 совети кои можат да помогнат при мамурлакот:

* Доколку чувствувате мамурлак, прво испијте голема чаша вода за да ја надоместите изгубената течност.

* Напијте се фрапе од банана, подготвено од половина чаша млеко, една банана и две лажици мед, кој го заменува калиумот што сте го изгубиле со мокрење, а медот го зголемува нивото на шеќер во крвта кое се намалува поради алкохолот.

* Земете сирова зелка која го чисти црниот дроб од токсини. Освен тоа, ги штити ѕидовите на дигестивниот систем и ги неутрализира негативните ефекти на алкохолот врз желудникот и цревата.

* Не пијте кафе, тоа воопшто нема да ви помогне и може да ве направи нервозни. Исто така, предизвикува дехидрација.

* Можете да пиете шолја чај секој час додека не се чувствувате подобро: чај од рузмарин – ја ублажува главоболката и му помага на црниот дроб да го разгради алкохолот, чајот од камилица ја ублажува иритацијата на желудникот и цревата.

Тежината на мамурлакот се менува во зависност од количината и видот на алкохол што сте го испиле. Симптомите вклучуваат главоболка, гадење и вртоглавица.

Алкохолот ги шири крвните садови, а прекумерното проширување може да предизвика главоболки. Покрај тоа, предизвикува дехидрација бидејќи ги поттикнува бубрезите да отстранат повеќе вода од крвта од вообичаено.

– Честите и постојани мамурлаци ви кажуваат дека треба да пиете помалку. Со редовно пиење алкохол трајно ќе го оштетите вашето здравје, на пр. со оштетување на црниот дроб или зголемување на ризикот од некои форми на рак – предупредуваат експертите.

Слични содржини