5 знаци кои покажуваат дека пиете премногу пиво

од Vladimir Zorba

Пивото на крајот од напорниот ден им помага на многу луѓе да се релаксираат, но ако пиете премногу, тоа може негативно да влијае на вашето здравје, особено ако пиете пиво секој ден.

Овие пет знаци покажуваат дека пиете премногу пиво.

Се чувствувате надуени

Прекумерната консумација на алкохол може да го оштети ткивото во дигестивниот тракт и да предизвика проблеми со цревата кои апсорбираат хранливи материи и витамини за време на варењето. Ова може да доведе до неухранетост. Секако, зависи од тоа колку алкохол пиете. Но, ако ве вознемирува надуеност и имате гасови, тоа може да биде знак дека сте испиле премногу пиво. Ако го намалите внесот на алкохол, тоа може да го реши проблемот со надуеност и да го намали ризикот од некои други здравствени проблеми како што се хемороиди и чиреви.

Вознемирени сте

Анксиозноста е честа појава кај луѓето кои пијат големи количини алкохол. Доколку пиете премногу пиво, може да почувствувате вознемиреност кога ќе започне периодот на детоксикација, односно кога алкохолот ќе го напушти вашето тело. Затоа, ако често пиете пиво и сте вознемирени, можеби ќе треба да го намалите пивото.

Поспани сте

Ако сте поспани и имате проблеми со спиењето, тоа може да биде поврзано со количината на алкохол што сте ја испиле. Имено, студија спроведена од американскиот Национален институт за здравство покажа дека се потребни четири до пет часа за алкохолот да го напушти нашето тело. Значи, ако пиете алкохол пред спиење, алкохолот ќе го наруши вашиот сон. Ако сакате да пиете пиво, пијте го некаде порано во текот на денот.

Проблеми со празнење на дебелото црево

Големи количини алкохол, вклучувајќи пиво, може да предизвикаат проблеми со празнење на дебелото црево. Прекумерната консумација на алкохол може да предизвика дијареја или болка при празнење на цревата. Ако забележите вакви проблеми, намалете го внесот на алкохол и започнете да јадете повеќе храна богата со растителни влакна.

Проблеми во кревет

Истражувањата покажуваат дека мажите кои пијат премногу пиво може да доживеат еректилна дисфункција, пишува „Eat this“. Пиењето може да спречи производство на хормони и да го намали либидото. Ако имате потешкотии во креветот, размислете за намалување на внесот на алкохол.

Слични содржини