По не баш совршениот секс многу жени ја бараат причината во мажот. Но, така ли е? Специјализираното издание sexart.me го анализираше однесувањето на жените и што – според мажите – може да го упропасти сексот.4497293

1. Униформни пози

Секоја жена има неколку омилени пози кои ѝ носат задоволство. Но, да се практикува секс со една, максимум две пози е многу досадно. Тоа е онаа навика која ве лишува со партнерот од многу дополнителни пријатни чувства и го прави сексот униформен и неинтересен.

2. Сексот по дефиниција

Од време на време треба да се трудиме да делуваме импулсивно, попуштајќи на желбите. Пример вечерниот брз секс заменете го со утринскиот сензуален. Или наместо во спалната уживајте во љубов на друго место.

3. Пасивност

Дури и незначителна иницијатива од жената ќе биде прифатена од страна на нејзиниот партнер. За возврат тој ќе се обиде да се претстави подобро за 100 проценти. Жените кои можат да си побараат или да покажат на партнерот што сакаат, го добиваат тоа многу почесто. Зошто да се лишите од задоволство?

4. Имитацијата на оргазам

Тоа е навика која може да прерасне во комплекс. Колку повеќе жената имитира оргазам, толку е поголема веројатноста дека сè поретко ќе дојде до оргазам. Особено ако редовно го имитира.

5. Вишокот романтичност

Да се ​​имаат романтични средби е потребно, но ако омилениот не ја запалил омилената свеќа и не ве намачкал со ароматично масло, не значи дека не му се вложува во секс.

6. Разговорите во кревет

Повеќето жени сакаат да зборуваат по сексуалниот чин. Можеби поради тоа мажите се прават дека заспиваат после него. Најкорисните дијалози се идеите за продолжување на уживањето и нежните зборови. Останатото оставете го за друг случај.

Слични содржини