Владата потпиша Меморандум за разбирање со Меѓународна организација за миграции (ИОМ)

од desk2

На одбележувањето 20 години работа на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Република Северна Македонија, денеска министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми и регионалниот директор на меѓународната организација Аргентина Сабадош, потпишаа меморандум за соработка меѓу Владата и ИОМ со кој се продлабочува соработката од областа на дијаспората, која ќе вклучува советодавна поддршка за развој на стратешките политики за дијаспората.

-Владата и јас како министер задолжен за дијаспора силно работиме за развој на политики и реализација на мерки и активности во насока на ангажирање на дијаспората. За нас дијаспората е составен дел од оваа држава. Сметам дека преку овој Меморандум, соработката помеѓу Владата и ИОМ дополнително ќе се интензивира. Владата во ИОМ гледа силен партнер во областа на миграциите и дијаспората, а денес, тоа партнерство, со овој чин, го официјализираме, истакна Адеми на добележувањето на јубилејот што се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи, во присуство на владини претставници, дипломатскиот кор и други невладини организации.На настанот, како што соопштија од кабинетот на Адеми, со свој поздравен говор се обрати меѓу другите и Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи, кој истакна дека одржливо и трајно решение може да се постигне само преку јасно дефинирани и координирани активности спроведени со заеднички напори на сите земји и меѓународни организации.-Имајќи ја предвид определбата на нашата држава за почитување на основните човекови права и слободи и нивната соодветна заштита, поделбата на одговорноста и недискриминацијата, очекуваме во иднина продлабочување на соработката преку пружање на соодветна помош од страна на Меѓународната организација за миграција во насока на стратешко и технички имплементирање на Резолуција за миграциската политика прифатена од Собранието на РСМ, како и во однос на подготовка и имплементацијата на нови стратегии и акциски планови за прашања поврзани за миграција, усогласувањето со стандардите согласно законодавството на ЕУ, понатамошна поддршка во јакнењето на техничките капацитети во овој контекст, рече меѓу другото Жерновски.Република Северна Македонија стана членка на Меѓународната организација за миграции во 2014 година, а претходно имаше статус на земја набљудувач, стои во соопштението од Кабинет на Министерот задолжен за дијаспора.

Слични содржини