175
Кошаркарската НБА лигата објави дека сите 324 играчи тестирани за коронавирус имаат негативен резултат.
Играчите се тестираат секој ден, а првичните резултати беа објавени на 5 август.
Повеќе од еден месец откако екипите се во „меурот“ во НБА лигата во Орландо, не се забележани позитивни случаи.
Интересно е што дури по пристигнувањето на Флорида, во „Дизни светот“, двајца кошаркари тестираа беа позитивни, но од тогаш, сè е во ред.
Редовниот дел од сезоната завршува во петок, натпреварите за осмото место во Западната конференција ќе се играат во текот на викендот, додека плеј-офот ќе започне во понеделник.