Саудиска Арабија е подготвена да искешира милиони за sвездата на Барселона, Лионел Меси, за да може да го рекламира туризмот во нивната земја. Сепак, се појавија гласовите на луѓе чии членови на семејството се наоѓаат во затворите во таа земја и го замолија Аргентинецот да не го прави тоа.
Кампањата „Посетете ја Саудиска Арабија“ е подготвена да започне со полна сила штом коронавирусот повеќе не претставува проблем, а таа земја е подготвена да му понуди на Меси мултимилионски договор, за тој да биде заштитно лице на целата акција.
Пристигнало писмо со предупредување од организацијата за човекови права, која ја претставува Грант Либерти, но и барање за аргентинската sвезда.
– Лео, режимот на Саудиска Арабија сака да те искористи за да си го измие образот и угледот. Затворениците во таа земја биле подложени на тортура, сексуално насилство и притворени без никакви права и зборови колку долго ќе останат зад решетки. Секој што некогаш ќе каже нешто против нив, го завршува својот живот, од активистите за правата на жените до луѓето кои сакаат демократија. Честопати сè завршува со смртна казна. Ако им кажете „да“, вие велите „да“ за кршењето на човековите права, а ако кажете „не“, ќе испратите силна порака дека не сте за таков третман кон една земја – се вели во писмото.
Иднината на Месија во моментов не е јасна, а се пробиваат информации во кои Аргентинецот може да стане член на Пари Сен Жермен во следниот преоден рок.