„Правда за штедачи“ повторно излегува на протест пред Уставниот суд

од Nikola Popovski
364 прегледи

Здружението „Правда на штедачи“ утре 05.05.2021 со почеток во 08 часот повторно ќе одржи собир/протест за пред Уставниот Суд.

„Протестот е мотивиран од сериозните опструкции што претседателот на Уставниот суд ги прави во врска со иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки“, стои во соопштението.

Според нив, власта во Велика Британија отвори случај за премиерот Борис Џонсон, кој се сомничи за потрошени 200.000 фунти од неговата Конзервативна партија за реновирање на неговиот стан во Лондон, а власта во Македонија молчи за случаи како овој со Павлина Црвенковска со 7 пати поголема финансиска тежина, со нејзиното едногласно именување за претседател на Судскиот совет, највисокиот орган што ја контролира судската власт во земјата.

„Од сите факти досега изложени, Павлина Црвенковска не е достојна за вршење на новата доделена висока функција. Бараме оставка на Павлина Црвенковска веднаш. Останатото ќе го кажат судовите, преку транспарентен судски процес за нејзиниот сопруг Зоран Црвенковски и слични сопственици на фирми должници кон Еуростандард банка, но без скриени интервенции и ургенции од Павлина Црвенковска. Од неа очекуваме да јавно одговори кога нејзиниот сопруг Зоран Црвенковски ќе ги врати нашите украдени лични средства“, бара здружението Правда за штедачи.

Слични содржини