Филипче: Пристигнаа 100 620 дози вакцини „Фајзер“ (ВИДЕО)

од Берта Китинска
247 прегледи

Попладнево пристигнаа 100 620 дози вакцини „Фајзер“, што ги купивме преку КОВАКС механизмот, објави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

– Во текот на следните денови вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани. Доколку сѐ уште не сте се пријавиле преку веб-страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок, стои во неговата објава на Фејсбук.

Слични содржини