356
Рускиот бизнисмен Роман Абрамович објави дека го продава Челси, но изгледа дека не може без фудбал!
Клубот од „Стемфорд Бриџ“ наскоро ќе добие нов сопственик, но сите ги интересира кој ќе биде следниот чекор на контроверзниот милијардер.
Според странските медиуми, Абрамович наводно сега го обновил интересот за преземање на легендарен бразилски клуб.
Тоа е Васко Де Гама и се чини дека работата е речиси решена.
Бразилскиот великан е институција со долга традиција, а доаѓањето на Роман дефинитивно би поправило многу работи.
Актуелниот претседател Хорхе Салгадо наскоро ќе се сретне со Абрамович за да се договорат за условите за продажба.