Суперѕвездите Лионел Меси и Нејмар може да го напуштат Пари Сен Жермен на лето, пренесува „Екип“. Раководството на клубот е крајно разочарано од елиминацијата во 1/8-финалето од Лигата на шампионите и внимателно ја анализира ситуацијата.
Се очекува оставки да поднесат и тренерот Маурисио Почетино и спортскиот директор Леонардо. Во ПСЖ се свесни дека тешко би се земале големи пари од продажбата на Меси и Нејмар, чиј настап не ги исполнува големите очекувања.
Катарските сопственици исто така не сакаат да предизвикаат превирања во клубот пред Светското првенство во 2022 година.
Опција за двете ѕвезди е трансфер во американската МЛС, но и да останат ќе добијат помала минутажа на сметка на младите играчи.
Во меѓувреме, германската легенда и поранешен извршен директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге изрази бес поради исвиркувањето на Лионел Меси и Нејмар пред мечот против Бордо.
„Кога ќе видам такви снимки, срцето ми крвари. Играч како Меси не заслужува да биде исвиркуван. Таквите играчи ќе мора да трпат такви напади. Тие се вклучени во нивната плата, иако не се оправдани. Тој е несреќен во Париз. Сепак, мислам дека се подобри во последните недели. Се сеќавам минатото лето дека навивачите го примија фантастично“, изјави поранешниот извршен директор на Баерн во интервју за „Екип“.