ЗА ПОМАЛКУ ОД ЕДНА ГОДИНА: ПСЖ заработил 700 милиони евра од доаѓањето на Меси

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер ал Келаифи изјавил дека парискиот клуб заработил 700 милиони евра од доаѓањето на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во редовите на францускиот шампион, пренесува шпанскиот спортски весник „Марка“.

Меси (35) минатата година се пресели од Барселона во Пари Сен Жермен. Аргентинскиот фудбалер потпиша тригодишен договор со „светците“ за 110 милиони евра без премии и бонуси.

Ал Келаифи изјави дека ПСЖ за помалку од една година заработил 700 милиони евра. Доаѓањето на Меси на шампионот на Франција му донесе десет нови спонзорски договори.

„Растот што ни го донесе тоа што тој е во клубот се рефлектира во тоа што договоривме пет до осум милиони евра во истиот период за спонзорски договори, кои ни донесоа меѓу три и пет милиони евра годишно. Според тоа, јасно е дека не е потребен коментар за тоа колку ни значи доаѓањето на Меси“, изјави финансискиот директор на ПСЖ, Марк Армстронг.

Тој додаде дека ПСЖ заработил и на пазарот на криптовалути.

Челниците на „светците“ изјавија дека ПСЖ минатата сезона за прв пат во историјата продалe повеќе од милион дресови.

ПСЖ од доаѓањето на Меси во клубот доби 15 милиони следбеници на сите социјални мрежи, а моментално францускиот клуб има околу 150 милиони од нив.

„Веќе нема билети за натпреварите што ги играме на нашиот стадион. Станавме рекордери во Европа по приходи на стадионот на денот на натпреварот. На листите на чекање за редовни и ВИП билети има осум пати повеќе отколку капацитетот на Паркот на принцовите“, рече Армстронг.

Меси минатата сезона одигра 34 натпревари и постигна 11 голови.

Слични содржини