Агенција за туризам: Балканот е отворен за нова визија!

од Берта Китинска
183 прегледи

Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на својата официјална фејсбук страница информираат дека е голема заинтересираноста на македонскиот штанд на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ и дека посетителите на штандот може да видат и како се изработуваат традиционален македонски филигран и охридски бисер.

– Отворен Балкан е вистински пример за успешна регионална соработка. Учествуваме на заеднички штанд со националните туристички агенции од Албанија и Србија. Програмата предвидува четиридневни активности. Промоцијата на нашата земја како туристичка дестинација ќе биде проследена со туристички видеа, промотивни брошури, флаери, како и со промотивен материјал, наведува Агенцијата.

Слични содржини