Маричиќ: Потребно е поголемо информирање за европските интеграции за да се намали бројот на дезинформации

од Vladimir Zorba
116 прегледи

„Што повеќе гласници има процесот на европски интеграции, тоа подобро за граѓаните и помалку простор за дезинформации, манипулации и шпекулации“ изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за „ИМА“.

Тој додаде дека потребно е секојдневно повторување и сеприсутност на аругментите, но и перманентна едукација на граѓанските организации и медиумите околу процесот за пристапување кон ЕУ бидејќи постојат многу рокови, многу датуми, многу процедури, многу докуемнти и трае долго.

„Ние го правиме скринингот најјавен што може да биде, дури однесовме една група на новинари, петнаесетина новинари од нашите медиуми во Брисел да го следат скринингот, да видат како тоа тече и да се уверат самите дека преговорите навистина се почнати. Ќе продолжиме со таа пракса“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека во објаснувачкиот скрининг се правеше и директен пренос на сајтот на сеп, како и пренос за институциите, за вработените во институциите, за граѓанските организации, за медиумите, и за сите заинтересирани.

„Од оној билатерален скрининг, каде што ние рапортираме и објаснуваме до каде сме и за колку време сме спремни да ги прифатиме обврските од членството во Европската Унија, од тој дел, на барање на Европската Комисија, сѐ уште не е достапен за јавноста. Но, мислам дека ќе дојде и фазата кога ќе излезат извештаите од скринингот, кога, што ќе треба и тоа да биде достапно на јавноста“ рече Маричиќ.

Слични содржини