Претрес во Куманово, пронајден кокаин

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.И.(33) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), Ф.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини