29
Сообраќајната полиција во Врање на автопатот кај Прешево сопрела државјанин на Северна Македонија (57), кој возел со 2,70 промили алкохол во телото, соопшти денеска полициската управа.
Тој бил запрен при редовна сообраќајна контрола.
Возачот е приведен, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење.