Коалицијата ВЛЕН денеска преку изјава обвини дека кадрите на Зијадин Села и Али Ахмети од „Европскиот фронт“ кои, како што велат, преку ден лажно ги бранат граѓаните од игрите на среќа, печалеле токму од бизниси со коцкарници. Бујаре Абази од коалицијата на прес-конференција изнесе тврдења дека фирмата „Ритрон копи ДООЕЛ“, која била тесно поврзана со пратеникот Елми Азири, во текот на 2022 година во два наврата добила тендер за јавни набавки во Државна лотарија со вредност од околу 3 милиони денари.
-Артан Ајрули фигурира како сопственик на фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, кој е внук на сопругата на Елми Азири, додаде Абази.
Според неа, набавките се однесуваат на набавки на компјутерска опрема, графички и ТВ станици за извлекување лотарија и телевизори за инсталација на електронски игри.
-Претседателот на огранокот во Боговиње, Сафет Мифтари е уапсен за организирање криминално коцкање преку интернет, фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири, добивала тендери од Државна Лотарија.
Едвај чекаме Европскиот Фронт конечно да излезе на мегдан со своето членство. Многу не интересира кога ќе им објаснат дека илјадници луѓе ги оставија без решен професионален статус, за да предизборно ги уценуваат за гласови, додека нивните функционери грабале се што ќе им дошло до рака, нагласија од ВЛЕН.