Членот на коалиција ВЛЕН и министер за здравство, Арбен Таравари во интервјуто за „PortalX“ истакнал дека здружената коалиција составена од БЕСА, Алтернатива и АА ја условила ВМРО-ДПМНЕ со минимум 6 министерски места и претседател на Собранието.
Во меѓувреме, два дена пред да биде избран претседател на Собранието, Таравари информира дека ДУИ заедно со другите партии од коалиција „Европски фронт“ имале преговори со ВМРО -ДПМНЕ во просторијата 161 во Собранието, во обид да бидат дел од новата Влада.
„Нивната понуда беше Европскиот фронт да биде дел од Владата, без претседателот на Собранието, само со четворица министри“, информирал министерот, додавајќи дека во таа просторија преговарале Блерим Беџети, Мендух Тачи и Елми Азири.
Таравари навел и дека во споредба со 2008 година, сега бројот на министерства е поголем и дека ВЛЕН во однос на тој период успеала да добие повеќе директори.