На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.З.(48) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга, а притоа оштетил и дел од покуќнината.
На 09.03.2026 во 00:05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(52) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.03.2026 околу 16:30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неговата 47-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка и кон нивниот 17-годишен син, а го оштетил и мобилниот телефон на сопругата.
На 08.03.2026 во 20:20 часoт во СВР Скопје, 38-годишна жена пријави дека во периодот од 06. до 08.03.2026 нејзиниот девер Г.В.(44) од Скопје, преку мобилен телефон упатувал закани кон неа и членови на семејството.
На 08.03.2026 во 23:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.И.(65), постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом во скопско, физички ја нападнал неговата 62-годишна сопруга, при што употребил тврд предмет.
На 08.03.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена пријави дека околу 15:30 часот во скопско била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Р..
На 08.03.2026 во 21:20 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарви лишиле од слобода 69-годишник од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека им се заканувал на неговите 44-годишен син и снаа. При преземање мерки, кај него биле измерени 1,40 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци.
На 08.03.2026 во 14:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Р.С.(37) од Кичево затоа што претходно во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко.
На 08.03.2026 во 16:00 часот во виничко село, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Б.Т.(58) од Виница. Според пријавеното, и покрај тоа што имал судско решение да не се приближува помалку од 100 метри и да воспоставува контакт, тој на 07.03. и 08.03.2026 во неколку наврати ја пресретнувал неговата поранешна 65-годишна партнерка во селската продавница, а одел и кај неа дома и ја вознемирувал и ѝ се заканувал.
При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 3,30% промили алкохол во организмот. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.