Лорд има само 18 години, но веќе е докажано име на светската музичка сцена. Во почетокот на 2014 година таа ја грабна наградата “Греми” за најдобра песна.”Royals” стана вистински хит и ја импресионираше публиката со својотнестандарден глас.
Всушност новозеландската пејачка воопшто не се вклопува во клишето за традиционална поп музика. Самата таа, покрај кревката возраст, има јасна визија за тоа каков човек сака да биде и каква музика не сака да прави.
Неодамна талентираната Лорд сними нова фотосесија за списанието Dazed. Некои од фотографиите се во готик стил, додека други се свежи, но сепак со себе го носат здивот на меланхолијата.
Еве и што сподели самата ѕвезда пред изданието: “Секогаш сум имала изразена гледна точка, дури и кога имав 13 или 14 години” . Лорд е позната по својата почит кон феминизмот и со идејата дека жената не треба да биде понесувана од мажот.
За да ги разгледате фотографиите на пејачката за магазинот Dazed, влезете во нашата галерија .
Фото: Dazed