112
Аргентински репрезентативец Лионел Меси повика на братство и љубов, по трагедијата во Париз од доцна синоќа.
Ѕвездата на Барселона демонстрираше емпатија кон роднините на жртвите од синоќешниот напад, во кој беа убиени над 150 лица.
Аргентинецот ги искористи социјалните мрежи за да изрази поддршка кон ужалените семејства.
“Денес нашите мисли се со жртвите на терористичките акти и нивните семејства. Сакаме да повториме сега, повеќе од кога било, дека има само еден начин: љубов и братство меѓу луѓето.
Светот ќе се сплоти, за да се постигнат овие цели “, напиша Меси.