Екипата на Голден Стејт Вориорс без проблеми стигна до својата 23. победа во НБА. “Воини” се наметнаа над Индијана Пејсерс со 131: 123 како гости. Голден Стејт имаа предност од 30 поени во третата четвртина, но во последниот дел ja намалија брзината и домаќините се спасија од полнo разбивање.

4547275

Клеј Томпсон постигна 39 поени за победниците, а Стеф Кари постигна дабл-дабл (29 + 10 асистенции). Асoт на Индијана Пол Џорџ реализира 33 поени. Како се додаваат резултатите и од минатата сезона, Голден Стејт веќе има 27 последователни победи, а тоа е повторување на втората по времетраење победничка серија во историјата на НБА. Рекордот го држи Лос Анџелес Лејкерс, кој во сезоната 1971/1972 освојува 33 средби по ред.

Во друг дуел од НБА Кливленд Кавалирс go победи Портланд Треј блејзери со 105: 100 на домашен терен. Леброн Џејмс стана автор на дабл-дабл – 33 поени и 10 скока.

Други резултати:

Сакраменто Кингс – Јута Џез 114: 106 (33:22, 21:26, 32:32, 28:26)

Бруклин Нетс – Хјустон Рокетс 110: 105 (31:24, 26:22, 23:26, 30:33)

Мемфис – Оклахома Сити Тандер 88: 125 (25:28, 22:31, 16:39, 25:27),

Денвер Нагетс – Орландо Меџик 74:85 (26:26, 21:14, 16:22, 11:23).

Слични содржини