206
Пред илјадниците демонстранти, кои се пред Владата, говореше активистот Павле Богоевски кој вчера беше приведен од полицијата, обидувајќи се на Камениот мост да постави транспарент и со тоа да ја замати годишницата од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.
На протестот е и највисокото партиско раководство на СДСМ, Зоран Заев, Оливер Спасовски, како и Радмила Шекеринска, која во моментов им се обраќа на присутните.
Меѓу граѓаните се присутни и сите опозициски партии.
Оваа банкнота ја отпечати битолското здружение „Движење за Битола“ откако Телески беше помилуван од претседателот Иванов како осомничен од СЈО за манипулации со школскиот превоз.