Косовскиот портал „Косев инфо“ денеска објави дека тројца, од загинатите при нападот во трговскиот центар во Минхен, се државјани на Косово.
Таткото на еден од жртвите од Косово на Фејсбук напиша дека неговиот 21-годишен син е убиен од страна на „терористичка рака“.
Во вчерашниот напад девет лица загинаа, а 16 се повредени. По нападот 18-годишниот Германец со иранско потекло се самоуби.
Гардијан, пак, објави фотографии од таткото на Забреѓа, кој со сликата на својот загинат син утрово дошол на местото на злосторството.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, пак, потврди дека тројца Турци се меѓу десетте мртви во нападот на трговскиот центар Олимпија во Минхен, пренесе Ројтерс.
.Полицијата во Минхен направи ужасни откритија за убиецот од трговскиот центар!
Полицијата наведува дека се уште се нејасни мотивите за нападот, но најверојатно станува збор за психичко пореметување на убиецот , а не за поврзаност со ИД или исламски и политчки побуди .