84
Министерството за внатрешни работи го идентификувало убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев и распиша потерница по него.
Станува збор за Ф.С, осуденик кој во затворот во Шуто Оризари издржуваше шестгодишна казна затвор за трговија со дрога.
Секуловски на 3 ноември излезе на викенд, по што не се врати назад. Јанушев со неколку истрели беше убиен вечерта на 3 ноември.
МВР има индиции каде се наоѓа убиецот и работат на негово приведување. Министерот Оливер Спасовски рече дека не се работи за нарачано убиство.