“Во чекорите на Јосиф и Марија се кријат многу чекори. Ние ги гледаме чекорите на цели семејства, кои денес се принудени да заминат”, рече папата пред илјадниците верници, кои се собраа во базиликата Свети Петар во Ватикан.
Според Новиот завет, царот Ирод наредил да се убијат сите бебиња во провинцијата, за да го убијат Исус.
Раѓањето на Христос е време кога се трансформира моќта на стравот во моќта на добротворството, истакна папата. За уште еден Божиќ, светиот татко ги повика луѓето да ги отворат своите срца.