Сопственик на галерија ја отстранил карикатура со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од штандот на арт изложба во Германија по протести, потврдија организаторите пред ДПА.
На карикатурата на уметникот Томас Баумгартел наслов “Турскиот диктатор”, Ердоган е нацртан со банана во задникот .
Меѓународниот саем за класично и модерна уметност се одржува во германскиот град Карлсруе од 22 до 25 февруари.
Уметникот најавил на “Твитер” дека се гскарал со галеријата поради инцидентот.
Цртаната карикатира кој е дел од серијата despotti – Трамп, Ким и Ердоган, беше продаден за 5.900 евра, според сопственикот на галеријата.
Уметникот постојано излезгувасп скандалозни дела, сега повторно со банани за политичари.
Пред неколку години, Ердоган луто одговори на навредите во Германија.
Во март 2016 година, турскиот лидер употреби веќе укинат германски закон во навреда на странските водачи за да го тужи Јан Бомерман, кој ја прочита песната со која го исмева и навредува Ердоган на телевизија.
Потоа, германското обвинителство го суспендираше случајот за стрипот.
Инцидентот предизвика вжештена дебата за ограничување на слободата на говорот во Германија.
Законот за кој станува збор е отстранет од германскиот кривичен законик.