(ВИДЕО) Британка убиена од сопствените кучиња

од desk2
203 прегледи

Британката Елејн Стенли била нападната од сопствените кучиња и им подлегнала на повредите , известуваат локалните медиуми.

Соседите ја нашле во тешка состојба , но не успеале да ја спасат. Нејзиниот партнер Пол Леиг тврди дека кучињата никогаш не покажувале агресивност , па дури и се плашеле ако тој или Елејн им се обратиле со повисок глас. Соседите наведуваат дека пред нападот се карала со една од своите ќерки.

“Ние сме заедно веќе четири години и двајцата сме љубители на кучиња. Во моментот на трагедијата го посетував татко ми кој е во кома. Не можам да верувам дека тоа се случува”, рече Пол.

„Пиевме чај и во еден момент слушнавме повик за помош. Трчав боса кон нивната куќа да помогнам“, рече една од соседите.

Тие виделе како кучињата ја влечат жената насекаде и дека извиците биле застрашувачки.

Кога пристигнале, едвај можеле да ги оттргнат кучињата и морале да фрлаат цигли за да и помогнат на повредената жена.

„Ние направивме сè што можевме и во моментот кога пристигна брзата помош, таа многу крвареше“, додадоа соседите.

Кучињата ги бркале и полицајци кога пристигнале на местото на настанот. Едно од кучињата било застрелано, а другото успеало да се смири и било згрижено.

Инспекторот Јан Вили изјави дека тие прават се што е во нивна моќ за да ги утврдат околностите на овој настан.

„Ова е исклучително тажен настан и нашите размислувања се со семејството на жртвата“, заклучи Вили.

Слични содржини