САД ќе го пронајдат богатството на мексиканскиот нарко бос Ел Чапо, кое е проценето на 12 милијарди долари, но нема да ја исполнат неговата последна желба и да го подарат. Ова го тврди Данкан Вуд, директор на Мексиканскиот институт Вилсон Центар, пишува Mirror.
Ел Чапо е прогласен за виновен за трговија на тони кокаин, хероин и марихуана додека беше шеф на мексиканскиот картел Синалоа. Претходно месецов Ел Чапо му напиша писмо на мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и побара неговиот имот да биде подарен на автохтоните заедници на земјата кога ќе умре. Барањето е поднесено во текот на разговорот меѓу Ел Чапо и неговите мајка, сестри и ќерки во август.
Данкан Вуд верува дека е тоа залуден гест.
„Многуте богатства на Ел Чапо во Мексико се толку добро сокриени што е многу тешко да се пронајдат. Многу имот е раширен ширум светот. Ако Ел Чапо открие каде се наоѓа неговото богатство мислам дека не е на него да одбере кому да припадне. Ќе има напори САД да земат дел од имотот и да го употребат за отстранување на штетата во САД. Исто така, ќе има напори и од Мексико“, вели тој.
Тој смета дека ќе мине долго време пред Ел Чапо да го подари имотот.
„Тоа е човек кој се гордее со имотот, на тоа што го има постигнато во животот. Мислам дека е посветен на жената и на децата, па сака да се увери дека се згрижени“, вели Вуд,.
Ел Чапо е осуден на доживотен затвор, казна која ја минува во самица во Колорадо, САД.