Она што најмалку го очекувате додека се потстрижувате на фризер е некое животно да упадне кршејќи го излогот.
Токму тоа се случи во срцето на Њујорк во фризерското студио Be.you.tiful Hair Salon лоцирано на Лонг Ајленд. Рогастото животно ги изваде од памет присутните, а сцената ја фати камерата во салонот.
Гостинката што седи на каучот пред излогот се здобила со повреди на главата бидејќи еленот ја потфати при упадот.
https://www.youtube.com/watch?v=MkAdEeRGzY8