Во декември потопло од обично, а потоа најстудена зима во последните осум години

од desk2
228 прегледи

Студено време шурим северна Европа се очекува и во октомври и ноември, а во декември повторно ќе дојде до пораст на температурите над вообичаените за тој период од годината, соопштиле американските метеоролози.

На југот на Европа за периодот од октомври до декември се прогнозира потопло време од вообичаеното.

Во Велика Британија, во северна Европа и јужна Скандинавија се очекуваат обилни врнежи, додека на крајниот север и во јужните делови на Европа условите ќе бидат посуви.

Метеорологот Тод Крофорд вели дека поголемиот дел од северна Европа во јануари и февруари би можел да се соочи со првата престудена зима од 2012-та година.

Слични содржини