Коронавирус: Што да направите со облеката и чевлите кога ќе се вратите дома?

од Nikola Popovski
968 прегледи

За да се спречи пренесувањето на вирусот КОВИД-19, се препорачува да ја повторувате оваа практика секој пат кога ќе се вратите дома.

Затворете ја вратата одвнатре со лактот или како порано, но веднаш избришете ја рачката со средства за дезинфекција.

Следниот чекор е веднаш да ги дезинфицирате рацете, потоа да ги тргнете чевлите и да ги испрскате со алкохол или друга течна дезинфекција.

Соблечете ја облеката уште во ходникот.

Облеката што сте ја носеле  извадете ја на балкон и проветрете ја најмалку половина час затоа што вирусот се суши од ткаенината и не може да преживее повеќе од 20 минути.

Повторете ја истата постапка секој пат кога ќе влезете во својот дом.

Слични содржини