Абази денес ќе биде именуван во нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал

од Nikola Popovski

За денес е закажана седумдесеттата седница на Советот на јавни обвинители, на чиј дневен ред е донесување на одлука за именување на новоизбраниот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази.

Абази на изборите на 7 ноември доби 66 гласови од вкупно 160 обвинители кои можеа да гласаат на изборите за шеф на ОЈО ГОКК. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Вилма  Русковска доби 14 и Деса Пауновска десет гласа.

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

На дневен ред на 70-тата седница, исто така, е и носење одлука за објавување на оглас за избор на четири јавни обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако на 27 октомври Советот не избра ниту еден од шестмината пријавени кандидати на претходниот оглас.

Претставени се тројца кандидати, актуелниот обвинител Мустафа Хајрулаху, Бурим Рустеми и Фатима Фетаи. Рустеми и Фетаи беа дел од Специјалното јавно обвинителство.

Слични содржини