Абазовиќ: Интеграцијата во ЕУ мора да биде во фокусот на целото општество

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерот на Црна Гора во технички мандат, Дритан Абазовиќ, денеска изјави дека европската интеграција на Црна Гора не е прашање на една влада, туку процес кој мора да биде во фокусот на целото општество.

На средбата со специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак, на маргините на 77-та редовна сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Абазовиќ истакна дека Црна Гора цврсто стои на патот на промовирање на европските вредности, се вели во соопштението од кабинетот на црногорскиот премиер.

Абазовиќ рече дека се надева на разрешница на политичката ситуација во Црна Гора што ќе донесе долгорочна политичка стабилност, ќе ја придвижи европската интеграција и ќе продолжи со решителната борба против организираниот криминал и корупцијата.

Слични содржини