Абот: Тексас е подготвен ако Бајден ја федерализира Националната гарда

од Vladimir Zorba

Гувернерот на Тексас, Грег Абот денеска изјави дека Тексас е подготвен за „невиден случај“ американскиот претседател Џозеф Бајден да ја федерализира Националната гарда додека продолжуваат несогласувањата околу мигрантите на јужната граница со Мексико.

„Па, пред се би бил шокиран. Тоа би бил бесрамен потег од негова страна, целосна катастрофа“, рекол Абот во емисијата „Нецензурирано“, пренесува порталот Хил.

Националната гарда на Тексас ја игнорираше одлуката на Врховниот суд со која се овластуваше отстранување на бодликавата жица и продолжи да гради ограда долж границата со Мексико.

Абот, исто така, го критикуваше Бајден за неуспехот да ги спроведе законите за имиграција и ја нагласи уставната власт на земјата да се брани од инвазија, додека бранот мигранти продолжува да пристигнува на границата.

Републиканските гувернери во неколку американски држави го поддржаа Абот во неговиот конфликт со федералната влада.

Абот рече дека државата распоредила членови на Одделот за јавна безбедност на Тексас и други органи за спроведување на законот заедно со членови на Националната гарда од други држави на границата, но рече дека уште повеќе членови на гардата ќе помогнат уште повеќе.

Тој рече дека ќе биде „шокиран и разочаран“ доколку државите кои ветија дека ќе го поддржат во неговите напори не испратат членови на нивната Национална гарда во Тексас.

Слични содржини