Адвокатите на Дани Алвеш ја негираа неговата смрт

од Vladimir Zorba

Бразилскиот фудбалер, Дани Алвеш е во затвор затоа што силувал девојка во ноќен клуб во Барселона, каде ќе помине четири и пол години. Сепак, некои медиуми во Бразил објавија непроверена информација дека фудбалерот се самоубил во затвор.

За среќа, тоа не е точно, како што потврдија неговите адвокати. Информацијата ја пренесе новинарот Марсело Беслер.

„Луѓето од неговиот ПР тим ги контактирале адвокатите и потврдиле дека гласините се лажни, се е демантирано“, напишал Беслер на својот „Х“ профил.

Алвеш го оставила сопругата, тој изгубил се што стекнал, па очекувано, или не, почнале шпекулациите дека се самоубил.

Во февруари 2024 година, Алвеш беше осуден на четири и пол години затвор за силување.

Тој ќе биде под надзор на органите за спроведување на законот пет години и има девет и пол години забрана за доближување до неименуваната жртва на силување.

Слични содржини