Адвокатот Чедомир Стојковиќ поднесе кривична пријава поради тероризам и убиствата на Косово

од Stefanija Kuzmanovska

Адвокатот Чедомир Стојковиќ денеска на својот Твитер профил објави дека поради настаните на северот на Косово во Бањска поднел кривична пријава за тероризам и помагање тероризам.

Како што наведе, поднел кривична пријава против Милан Радоичиќ, најмалку 30 непознати лица кои дејствувале на 24 септември во Бањска на северот на Косово, неколку непознати лица од врвот на државните безбедносни служби на Србија (за помагање во тероризам), неколку непознати лица распоредени во копнената безбедносна зона (за помагање во тероризам).

„Република Србија од денеска веќе нема оправдување – потпишана и поднесена е формалната кривична пријава за тероризам. Ако постапат по тоа и го уапсат Радоичиќ, има една последица. Ако одбијат да постапат по тоа (исто како што одбија да постапат по мојата кривична пријава против регрутирањето на групата Вагнер во јануари 2023 година) и одбијат веднаш да уапсат 30 лица, последицата е друга“, напиша Стојковиќ на Твитер.

Слични содржини