Адвокатот на Марадона: Ќерките го напуштија и крадеа, почина сам

од Stefanija Kuzmanovska

Матијас Морла, адвокат и пријател на Диего Марадона, рече дека ќерките на Марадона – Далма и Џанина го напуштиле својот татко во последните години од неговиот живот.

Марадона почина минатата есен на 60-годишна возраст, но неколку месеци по неговата смрт, приказните за тоа што се случило во неговата последна година од животот не стивнуваат.

Така Морла им откри на медиумите дека Марадона бил многу разочаран од однесувањето на неговите ќерки.

„Марадона ја сакаше неговата поранешна партнерка Росио Олива, и јас се борев до крај против неговите ќерки Далма и Џанина, за кои тој чувствуваше дека го предале и го краделе. Јас сум со него последните седум години, во овие седум години тој гледаше на неговиот телефон и тие никогаш не го поканија за Божиќ“, откри Морла во интервју за „Канал Америка“.

Тој е видно разочаран од однесувањето на ќерките на Марадона.

„Зарем не видовте колку е разочаран Диегио што Далма го даде на ќерка си името Рома? Го прашав: „Диего, што е тоа, Рома е ривал на Наполи“. Освен сестрите, сите други го напуштија. Марадона беше напуштен , тој почина во самотија“, додаде Мора.

Тој исто така рече дека Марадона „не бил луд“, иако имал чести проблеми со зависноста од дрога.

Ќерките на Марадона го обвинија Морла дека тој е виновен за изборот на медицинскиот тим кој е под истрага поради наводна небрежност за здравјето на Марадона.

„Ако успеаја да го реанимираат Марадона, немаше да дозволам да ме нападнат. Сестрите ми рекоа дека сум нивно сонце, а неговите ќерки ме нарекоа крадец. Девојките не ме сакаат од 2014 година, кога јас и Марадона им ги откажавме кредитните картички. Тие се бореа против мене затоа што тие го крадеа“, јасен е адвокатот.

Тој исто така вели дека славниот фудбалер бил уништен од разделбата со неговата партнерка Росио Олива.

„Алкохолот беше негово бегство од реалноста. Кога Росио го остави, не можеше да го надмине тоа. Беше опседнат со неа, тоа го уби. Ме прашувате што го уби, ви велам, Росио Олива, карантинот и медицинскиот дел што е под истрага. Ситуацијата дека тој беше за заљубен во жена која не го сакаше многу го повреди“, заклучи адвокатот на Марадона.

Слични содржини