Големи музички имиња на 17.Оффест

од Vladimir Zorba

Објавена програмата за овогодинешниот фестивал на џез и авангардна музика „Оффест“. Најавени се големи имиња од светската музичка сцена. Музичкиот настан на 31 мај започнува со  Јупитер Боконџи познат по доминантниот румба-стил, но истовремено и мноштвото на други ритми и стилови кои опстојуваат во сенките на румбата, реминисценции на фанкот, соулот и рокот.

На затварањето на фестивалот на 5 јуни ќе настапи африканската супер ѕвезда Уму Сангаре добитник на наградата Греми. Таа е Амбасадор на добра волја на Обединетите нации, добитник на International Music Award на УНЕСКО и Womex 2017 Artist Award Winner.

На Оффест ќе настапи и македонскиот состав Fighting Windmills. Музиката која ја создава оваа група не подлежи на никаква категоризација, сосем природно пронаоѓајки го својот идентитет во играта со повеќе жанровски и стилски извори, меѓу другите и со пост-рок, фри-џез, пост-панк, фолклор, амбиентална и современа класична музика. Во својата дискографија имаат пет албуми, а во меѓувреме, соработуваат со некои од најинтересните чинители на македонската современа џез сцена, како Sethstat и Јордан Костов.

 

Слични содржини