Африканските држави подготвија нацрт-резолуција за испитување на систематскиот расизам во САД

од Stefanija Kuzmanovska

Африканските држави подготвија нацрт-резолуција за Советот за човекови права на Обединетите нации во кој посебно ги издвојуваат САД и ќе започнат со интензивно меѓународно набљудување на системскиот расизам врз луѓето со африканско потекло, по неодамнешните убиства на Афроамериканците од страна на американската полиција.

Нацрт-текстот, во кој АП имаше увид во, би можел да стане централен дел од итната расправа, закажана за утре.

Во нацрт-текстот се повикува истражната комисијата, најмоќната алатка на телото за надзор на кршењето на човековите права, да го испита системскиот расизам и наводните прекршувања на меѓународниот закон за човекови права и злоупотребите против Африканците и луѓето со африканско потекло во САД и останатите делови на светот и однесувањето на полицијата кое резултирало со смртни случаи.

Таквата работа би била изведена со цел да се доведе сторителот пред лицето на правдата, се вели во текстот.

Засега е непознато колку поддршка ќе добие Африканската група во Советот за човекови права на ОН.

Еден западен дипломат, зборувајќи под услов на анонимност заради чувствителноста на проблемот, рече дека земјите од Европската унија го добиле текстот и го разгледуваат.

Советот се согласил едногласно да одржи итна расправа во среда попладне за расно инспирирани кршења на човековите права, системски расизам, полициска бруталност и насилство против мирните протести поради убиството на Џорџ Флојд во САД.

Слични содржини