Агелер: ВМРО-ДПМНЕ да објави што нуди за евроинтеграциите на земјата

од Stefanija Kuzmanovska

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ да објави што нуди за евроинтеграциите на земјата, вели меѓу другото во интервју за ТВ 24, американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер.

Таа порача дека би била среќна ако Мицкоски го покаже планот, но уште поважно е истиот транспарентно да го покаже пред граѓаните.

Агелер подвлече дека САД би биле апсолутно разочарани доколку не се спроведат уставните измени и не продолжи преговарачкиот процес за членство во ЕУ, иако, како што додаде, Америка и Северна Македонија се во стратешко партнерство и тоа нема да влијае на меѓусебните односи.

Слични содржини