Агенцијата за енергетика ослободува 60 милиони барели нафта од стратешките резерви

од Vladimir Zorba

Членовите на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) се согласија да ослободат 60 милиони барели нафта од стратешките резерви, од кои половина ќе доаѓаат од САД, „за да испратат силна порака до нафтените пазари дека нема да има недостиг“ по руската инвазија на Украина, пренесе „Гласот на Америка“.

Одлуката ја донел Управниот одбор на агенцијата со седиште во Париз, која брои 31 член, пренесе „Танјуг“.

Американскиот секретар за енергетика Џенифер Гранхолм потврди дека претседателот Џозеф Бајден одобрил доделување на 30 милиони барели од американските резерви и дека САД се подготвени да преземат „дополнителни мерки“ доколку е потребно.

Иако западните санкции досега не ја погодија руската енергетска индустрија, нападот врз Украина предизвика големи потреси на пазарите ширум светот.

Цените на нафтата скокнаа за повеќе од 110 долари за барел во средата, што е највисоко ниво од 2014 година.

Слични содржини