„Ако нема решение во брзо време, ќе го парализираме целиот град“, се заканија од „Слобода превоз“

од Nikola Popovski

Овде сме собрани единствено со една цел – преостанатиот долг да ни биде платен, што се чесно заработени средства. Со ништо не сме допринеле да дојде до оваа состојба. Граѓаните трпат, најодговорната треба да е свесна за тоа, изјавија денеска претставници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ на блокадата на раскрсницата кај ТЦ „Мавровка“. Според нивните информации, паркирани се 30 автобуси од 220 колку што вкупно ги имаат.

Според нив, протестот е диреткна последица од, како што велат, немањето слух на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и долгот од страна на ЈСП.

-Доведени сме во ситуација да немаме средства да однесеме храна на семејствата. Им се извинуваме на граѓаните поради гужвата и хаосот, ги молам за разбирање. 100 проценти сме во право. Обвинети сме за неплаќање данок и собирање нелегални средства. Тоа е спин од градоначалничката за да го одвлече вниманието од реалниот проблем, рекоа од „Слобода превоз“.

За денешната седница во Советот на Град Скопје, приватните превозници очекуваат „канонада“ од прашања кон Арсовска.

-Не дај Боже, ако не се пронајде решение во брзо време, во денови, ние сме во состојба со нашиот капацитет сме во состојба тотално да го парализираме целиот град, појаснија од „Слобода превоз“.

Слични содржини