Актерката која се шеташе гола на улица пуштена од психијатриска болница, откриено каде ќе живее

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Аманда Бајнс неодамна била сместена на психијатриско одделение откако била пронајдена како целосно гола шета по улиците на Лос Анџелес.

Самата повикала полиција, а потоа доброволно заминала на лекување.

Како што пренесуваат странските медиуми, таа цело време соработувала со лекарите и рекла дека „не се чувствува подготвена“ да ја напушти болницата.

Според TMZ, таа сега, по три недели поминати во психијатриска установа, се одјавила од истата.

Со неа работел тим специјалисти кои донеле одлука дека актерката е подготвена да ја напушти установата, но ќе продолжи со дополнителни програми за ментално здравје.

Според извештаите, за неа сега се ќе се врати во нормала бидејќи оди да живее во својот дом и програмите за ментално здравје ќе ѝ помогнат да го одржи напредокот кој го постигнала на психијатрија.

Слични содржини