Актерката од Вовед во анатомија е меѓу најплатените на светот, еве што се поседува

Елен Помпео по две децении во индустријата на забава и улогите во филмот „Фати ме ако можеш“, серијата „Вовед во анатомија“ и музичкиот спот на песната „Bad Blood“ од Тејлор Свифт, стана една од најплатените ТВ актерки на светот и себе си си осигура богатство кое не може да се изброи.

На почетокот на актерската кариера и улогата на „вознемирена девојка“ во филмот за кој веројатно никогаш не сте слушнале, Елен сега заработува 20 милиони долари секоја година за улогата на докторката Мередит Греј во ТВ серијата Вовед во анатомија (Форбс вели дека во 2019 година заработила 22 милиони долари).

Но, тие милиони таа не ги добила туку така. Освен што напорно работи,таа морала да оди дури и до врвот на ABC за да ги увери дека заслужува повеќе.

„Кога вашето лице и вашиот глас се дел од нешто што генерира три милијарди долари во една од најголемите корпорации на светот, започнувате да размислувате дека и вие заслужувате дел од тоа“, рекла Елен.

Тука се и приходите кои доаѓаат долго откако сте снимиле нешто. Имено, секој пат кога некој од нејзините филмови се прикажува повторно, таа добива пари.

Освен што е копродуцентка на Station 19, спиноф на серијата Вовед во анатомија, Елен исто така работи зад сцените на шоуто за својата продукциска куќа.

Освен тоа, како што пренесува Космополитен, таа договорила и голем договор со Амазон за драмата за американските модни креатори, а работи и како Инстаграм инфлуенсер, промовирајќи етички производи, како производите за бебиња на билна база.

Меѓу август 2017 и април 2018 година, Елен и нејзиниот сопруг ставиле на продажба три свои куќи. Со оглед на тоа дека сите тие куќи се на ексклузивни локации како Холивуд Хилс и Саг Харбор, само за една од куќите добиле 2,08 милиони долари.

Според наводите на Celebrity Net Worth, Елен вреди фантастични 70 милиони долари.

Слични содржини