Актерката откри што правеле таа и нејзиниот сопруг на првата средба

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката од серијата „Квантико“, Пријанка Чопра и пејачот Ник Џонас ја прославија годишнината од нивната прва средба, пренесе „б92“.

За да ја прослават оваа двегодишнина во нивната врска, парот во понеделникот сподели љубовни објави на Твитер и Инстаграм.

„Пред две години, на овој ден, ја направивме нашата прва заедничка фотографија. Секој ден од тогаш, ми носеше бескрајна радост и среќа”, напиша Чопра на фотографијата од себе и Џонас.

Обајцата носат сини бејзбол капи на фотографијата додека гледаат утакмица на стадионот Доџер во Лос Анџелес.

Непосредно откако Пријанка ја објави фотографијата, нејзиниот сопруг сподели друга слика од парот како позира во каубојски шешири.

„Пред две години излегов на мојот прв состанок со оваа преубава жена“, напиша Ник, додавајќи дека ова биле најдобрите две години од неговиот живот.

Слични содржини