Актерката за борбата против ракот: Сакам луѓето да знаат дека се борам

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарната Бренда од серијата „Беверли Хилс“, актерката Шенон Доерти, раскажа се за нејзината борба со ракот на дојка.

Имено, актерката неодамна ѝ откри на јавноста дека ракот е во четврта фаза, а сега даде интервју кое во нејзиниот стан го сними нејзината долгогодишна пријателка, актерката, Сара Мишел Жерар.

„Сакам луѓето да знаат дека сум добро“, ја започна Шенон својата исповед.

„Драго ми е што слушам кога некој ќе ми каже дека се моли за мене, но јас веќе стигнав до фазата каде што морам да кажам дека имам сè под контрола и дека се борам“, рече Доерти.

Пред еден месец, актерката опиша како гледа на болеста што ја снајде.

„Се обидувам да ги ценам сите мали моменти кои повеќето луѓе навистина не ги гледаат или ги земаат здраво за готово. Малите нешта се зголемени за мене. Го имаме овој бесконечен бунар во нас и треба само да продолжиме да копаме во тој бунар во потрага по сила да се соочиме со неволји – и да можеме да ја видиме целата убавина “, изјави Шенон за списанието„ Elle “.

Шанон во тоа време откри и дека планира да им напише писма на своите драги луѓе, кои ќе ги прочитаат по нејзината смрт.

Слични содржини